Јунајтед се најде во небрано: Уште два дена од ултиматумот за трансферот на летото

Кога пред еден месец Борусија Дортмунд го посочи 10 август како последен рок кога некој од заинтересираните клубови треба да го завршат трансферот на Џејдон Санчо, малкумина веруваа дека на два дена пред овој ултиматум работите нема да бидат финализирани.

Но, ситуацијата е таква. Борусија Дортмунд ги почна подготовките за новата сезона и не планира на еден месец пред стартот на првенството да прави драстични промени. Тоа значи дека Манчестер Јунајтед има само два дена да ја плати бараната отштета од 108 милиони евра или да остане без најпосакуваниот фудбалер во овој момент.

„Милионерите“ немаат што да загубат. Или ќе имаат голема заработка од фудбалер кој го купија за само осум милиони евра или ќе го задржат во своите редови и во новата сезона со него ќе атакуваат на титулата во Бундеслигата.