Јунајтед не може да чека 30 години на титула, како Ливерпул…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го пецна лутиот ривал Ливерпул за тоа што три децении чека на шампионската титула во англиското првенство.

Во најавата за големото дерби на Премиер лигата, Норвежанецот зборуваше за класата на двата најголеми клуба кои ги сменија улогите кои ги имаа до пред неколку сезони. Ливерпул сега е во позиција да стане шампион, додека Јунајтед „кубури“ надвор од топ-4.

„Ние работиме напорно за да направиме се да не ни се случи ова што го доживува Ливерпул. Не можеме да дозволиме 30 години да чекаме титула“, изјави Солскјер.

Последниот шампионски трофеј Јунајтед го освои во 2013 година, под водство на Алекс Фергусон. Тоа значи дека има уште 23 за да го крене пехарот во Премиер лигата. Оваа сезона Јунајтед е единствениот тим во Премиер лигата кој му откина бодови на Ливерпул.