Јунајтед на шопинг во Италија – по 18-годишно крило!

Манчестер Јунајтед по се изгледа се откажа од трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но сепак ќе се обиде да се засили до крајот на преодниот рок.

Британските медиуми тврдат дека нова цел на Оле Гунар Солскјер е 18-годишниот фудбалер на Аталанта, Амад Траоре, еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал последната сезона. Сепак, и покрај очигледниот квалитет, тинејџерот уште не е вклопен ни во својот тим, па затоа е чуден интересот од Јунајтед.

Траоре игра на позицијата десно крило, а минатата сезона настапи на само три натпревари во дресот на Аталанта.