Јунајтед му украде голем талент на Реал Мадрид!

Еден од најголемите таленти во шпанскиот фудбал Алваро Фернандес Карерас одлучи да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед и своето усовршување да го продолжи во редовите на премиерлигашот.

Станува збор за лев бек/крило кој во Реал се пресели од Ла Коруња пред три години и се очекуваше идната сезона да се пробие во првиот тим. Сепак, неговиот договор истече на 30 јуни, а 17-годишниот фудбалер одлучи да замине на Островот.

Интересно е тоа што пред три години за Карерас беше заинтересирана и Барселона, но родителите на фудбалерот сметаа дека е подобро тој да замине во Мадрид.