Јунајтед му даде дозвола на Роналдо да си замине

Како што пренесува talkSPORT, повикувајќи се на извори блиски до клубот, Манчестер Јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине.

Португалецот имаше желба да ја промени средината за да игра во Лигата на шампионите.

Поради ова, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.

Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека бил одбиен од двата милански клуба, Интер и Милан.

Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер Јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.

Прашањето е само каде може да оди и дали евентуално ќе оди.