Јунајтед го посакува Шкриниар, а има „ас во ракавот“ за да се договори со Интер?

Според Газета дело Спорт, еден од највлијателните и високо тиражен весник во Италија, постои можност за договор помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед за двајцата дефанзивци.

На Манчестер Јунајтед не му е до толку потребен Матео Дармијан, за кого Интер веќе извесен период има симпатии, додека на Јунајтед му е потребно освежување на централната дефанзивна линија, нешто како Милан Шкриниар.

Дармијан е пред истек на неговиот договор ова лето, па ништо чудно да се случи Јунајтед уште во јануари да се обиде да го искористи Дармијан за некоја трансфер ситуација, со доплата, па во своите редови да го донесе Шкриниар.

Дармијан неколкупати потенцираше дека сака да игра за Јунајтед, но и дека не би имал ништо против да заигра повторно во Серија А, претходно тој настапуваше во Торино.

Шкриниар се проценува на некоја вредност од 60 милиони евра, сума која за Јунајтед во потрагата по квалитетно засилување нема да претставува проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Дали ќе биде тренер на Јувентус? Па Челси го нема уште ослободено од договорот

На свадбата на Рамос денеска, освен Роналдо, не беше присутно уште едно големо име

Гулит за проблемот на Милан последните неколку сезони

Имаше одлична сезона во Арсенал – но сака да си замине поради својата девојка

Откриено колку цигари на ден пуши Сари

(ВИДЕО) Ѕвездата на Јувентус се снимаше со гола жена во кревет !?

Почина човекот кој за малку не го однесе Вардар во ЛШ

Европски шампион и светски вицешампион ќе го засили Милан