Јунајтед го најде заменикот на Мурињо, но тоа ќе ги чини 45 милиони евра!

Маките на Јунајтед со Мурињо го достигнуваат врвот, како и тензиите внатре во соблекувалната. Се поголем е бројот на играчи кои го креваат гласот против Мурињо, клупските челници се фаќаат за глава поради моменталната позиција на табелата и поради тоа повторно размислуваат за големи промени на клупата и составот.

Работата на Мурињо одамна не е сигурна и буквално виси на конец. Еден чекор напред, па назад два. Така се почесто изгледа Манчестер Јунајтед, а во врвот на паднатиот гигант сфаќаат дека вака нема да може да оди долго.

Поради тоа, јавуваат островските медиуми, Јунајтед повторно би можел да го сврти добро познатиот телефон и уште еднаш да ја провери достапноста на Маурисио Покетино. Аргентинецот со години наназад работи одлично во Тотенхем и клубот од северен Лондон го постави во самиот врв на англискиот фудбал. Покетино, сепак, не е задоволен бидејќи не успева со Тотенхем да го пробие ледот и конечно да дојде до некој поважен трофеј, што ќе доведе до едно од двете сценарија. Покетино неодамна јавно призна дека му е потребно освежување на составот, а познато е дека клубот во последните две години не трошеше многу. Поточно, минатото лето беше единствениот тим во Премиер лигата кој не потроши ниту цент на засилувања. Доколку клубот му обезбеди пари за засилувања, нема да има проблеми. Но, ако нема пари, се шпекулира дека Покетино на лето би можел да ги преиспита своите одлуки и размислува дури и за заминување.

Јунајтед го чека токму тоа. На сите начиниќе се обиде да дојде до потписот на Покетино. Аргентинецот е мошне ценет во круговите на Јунајтед затоа што успева да прави добри резултати со разумни трошоци. Покетино веќе еднаш го одби Манчестер Јунајтед. Тоа беше по доаѓањето на Дејвид Мојес. Тогаш Покетино бараше време да размисли, што Јунајтед го немаше тогаш и го избра Луј ван Гал.

Ако Јунајтед во некој случај успее да го убеди Покетино да се пресели на „Олд Трафорд“, би можел да искешира сериозна сума на пари. Се зборува дури и за вртоглави 45.000.000 евра, што би била горната граница, поради тоа што Покетино во мај со Тотенхем парафираше нов договор до 2023. година по кој заработува 9.000.000 евра годишно.

Покетино до неодамна беше највисоко котиран на листата на желби на Реал и се уште е желба на Перез. На Аргентинецот повеќе му одговара да остане во Англија, каде живее најголем дел од својот живот. Тоа е шанса за Јунајтед. Секако, доколку Тотенхем не отиде чекор понатаму и инвестира во тимот.

За потсетување, Тотенхем до почетокот на 2019. година би требало да се пресели на новиот стадион кој чини преку милијарда евра! Кога се влегуваше во целиот проект на изградбата на стадионот проценките беа дека цената ќе биде околу 450.000.000 евра.

За Покетино да остане, првиот оперативец на Тотенхем Даниел Леви ќе мора да подготви буџет барем приближно во размер со цената на новиот стадион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пеп за својот најважен играч: Можеби е и добро што се повреди!

Бока Јуниорс со двојна загуба по Копа .Либертадорес

Модриќ конечно ги искритикува Меси и Роналдо: Тоа што го сторивте, не беше фер!

Кориере со интересна информација: Марсијал со (не)очекувано барање до клубот пред да потпише договор

Допрва може да настане уште поголема омраза кон Иско – Ривалдо му даде трансфер совет

ВИДЕО: Во Арсенал дуваат некои нови ветришта – Гендузи и Лаказет му асистираа на Кошиелни од клупа

За прв пат во историјата на фудбалот: во Шведска прогласен најверниот фанатик во светот – еве и зошто

Клоп пред дербито со Јунајтед на прес доби интересно прашање за Погба – па одби да одговори!

Пеп ги потврди плановите на Сити за оваа трансфер зима