Јунајтед е фаворит во трката: „Новиот Роналдо“ е се поблиску до „Олд Трафорд“!

Во Манчестер Јунајтед се подготвува бурно лето, а откако беше соопштено дека дури осум играчи ќе го напуштат клубот, челниците се подготвени да доведат адекватни засилувања.

Јунајтед оваа сезона одигра под секое ниво и потфрли на сите фронтови. Дури шесто место во Премиер лигата и елиминацијата во националните купови никако не можат да ги задоволат челните луѓе на тимот од „Олд Трафорд“, а сензационалната елиминација на ПСЖ во ЛШ не е доволна.

Екипата кон крајот на минатата година доживеа промена на тренерската позиција, бидејќи на местото на Жозе Мурињо дојде Оле Гунар Солскјер. Јунајед под неговата палка заигра далеку подобро, меѓутоа подоцна се испостави дека тоа е само позитивен шок, па „Црвените ѓаволи“ продолжија по старо.

Засилувањата се неминовни, а сопствениците на Манчестер Јунајтед ова лето се подготвени да инвестираат во клубот големи суми на пари во капитални засилувања. Една од нив е суперѕвездата на Бенфика, 19-годишниот Жоао Феликс.

Во португалските медиуми се појави вест дека челниците на Јунајтед се подготвени на Бенфика да и исплатат 105 милиони фунти за неговите услуги. Младиот Португалец оваа сезона со Бенфика ја освои шампионската титула, а за клубот од Лисабон одигра 43 натпревари и постигна 20 гола.

Многумиан веќе сега го споредуваат со неговиот сонародник Кристијано Роналдо кој имаше сличен пат во кариерата, само што тој во Јунајтед пристигна од редовите на Спортинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт во Париз, Нејмар ги изнел своите барања до ПСЖ

Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Дали ќе биде тренер на Јувентус? Па Челси го нема уште ослободено од договорот

На свадбата на Рамос денеска, освен Роналдо, не беше присутно уште едно големо име

Гулит за проблемот на Милан последните неколку сезони

Имаше одлична сезона во Арсенал – но сака да си замине поради својата девојка

Откриено колку цигари на ден пуши Сари

(ВИДЕО) Ѕвездата на Јувентус се снимаше со гола жена во кревет !?

Почина човекот кој за малку не го однесе Вардар во ЛШ