Јовица Симовски нерешлива енигма за струмичани: Вардар лесно го реши Џио

Неочекувано лесно Вардар ја совлада Џио Струмица со 3:0 (25:16, 25:14, 25:22) и го обезбеди првото место на крајот на есенскиот дел во Првата машка одбојкарска лига.

Во дербито на сезоната, црвено-црните беа убедливи во салата “Парк” и му се реваншираа на бранителот на двојната круна за ланските пет порази во шесте меѓусебни пресметки. Во тековното првенство засилени со тројца струмичани, Васе Михаилов, Филип Маџунков и Стојан Николов, како и со поранешниот македонски репрезентативец Јовица Симовски, црвено-црните беа подобри во сите елементи во последниот натпревар од деветтото коло.

Имаа подобар прием, сигурен напад преку Симовски, одличен сервис и подобра одбрана, така што беа во негатива само во третиот сет. Но без оглед на позитивата од 11:4, Џио Струмица не успеа да му го откине првиот сет на Вардар во седмиот настап сезонава. Скопскиот тим го задржа максималниот биланс, а струмичани ќе презимат на втората позиција.

Јовица Симовски беше најефикасен со 25 поени, а другите вардарови играчи освоија вкупно 26. Илиев 11, Маџунков 6, Михаилов 4, Лепидовски 3 и Стојанов 2. Кај Џио Струмица Николов заработи 10, Урдов 8, Наков 5, а примачите имаа само 9 поени, Суботиќ 5 и Балџиев 4.

По дербито, Вардар ќе биде слободен во наредното коло, па во деветтото ќе игра со ГОК Борец, додека, пак Џио Струмица ќе се сретне со ГОК Борец и со Лирија.