Јотовски по многу пресврти го доби Аргентинецот Тенти

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски, кој е втор носител на фјучрсот во Австрија во градот Крамсах по многу борба и речиси три часа игра го совлада Аргентинецот Фермин Тенти (1.424 место на АТП листа) со 2-1 во сетови.

Во меч со многу пресврти Јотовски го доби првиот сет со 6:1 во гемови и потоа во вториот сет почна падот во играта на нашиот играч. Противникот го доби сетот со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет противникот водеше со 3:1 и 4:2 во гемови, а потоа следуваше серија од четири гемови на Јотовски за конечни 6:4 во третиот сет.

Нашиот тенисер искористи 4 од 11 брејк топки, а Тенти 2 од 3 можности. Во бројот на освоени поени скорот беше 93:85 за Јотовски.

Во четвртфиналето нашиот тенисер ќе игра со победникот од мечот Едвард Хубнер (Велика Британија) и Едуардо Дисингер (Бразил). Јотовски попладнево ќе има и меч во конкуренција на двојки со Хермин Фатиќ (Бих) ќе играат против Филип Дуда (Чешка) и Ерги Киркин (Турција).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу работи во тенисот ќе се променат – Лондон губи најмногу

Конфузна изјава на тениската легенда: Федерер не е најдобар на сите времиња

Време е Федекс!

Ваков ултиматум малку девојки би прифатиле: Еве што барал славниот тенисер

ФОТО: Рафа фатен на дело – Надал во жешка акција со својата девојка

ФОТО: Спектакуларен дочек на Хрватите по титулата во Дејвис Купот – лудило во Загреб

По победата на Хрватска во Дејвис Купот, падна првата жртва во Франција: Со тенисот јас завршив!

(ФОТО+ВИДЕО) Господата Французи покажаа зошто тенисот е аристократски спорт

ФОТО: Нема СП, но има тенис – Колинда повторно „ги тресеше“ соблекувалните!