Јотовски испушти меч топка и полуфинале на австрискиот фјучрс

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во австрискиот град Крамсах. Тој во решавачкиот сет при водство од 5:4 во гемови на свој серис имаше меч топка, но не ја искористи. Во продолжението на сетот успеа да спаси и меч топка на противникот, но во тај брекот Бразилецот Едуардо Дисингер беше подобар со 7:2 на поени. Мечот траеше 165 минути.

Инаку, првиот сет експресно го доби бразилскиот тенисер со 6:0, а Јотовски „врати“ на сличен начин со начин со 6:1 во вториот сет.

За пласманот во четвртфиналето нашиот тенисер ќе добие два поена, а следната недела го очекува настап на уште еден фјучрс во Австрија во Велс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вимблдон како пресврт: Ѓоковиќ во март размислувал за крај на кариерата

Една титула беше доволна: Ѓоковиќ прв фаворит за трофејот на УС Опен

Сега што правиме? Ѓоковиќ им се „измоча“ на сите Срби

Сопругот на Серена со емотивна и срцепарателна порака на Инстаграм

Ќе успее ли Ѓоковиќ денеска да го симне проклетството?

Андерсон: Ќе играм против еден од најдобрите – Ѓоковиќ

Ѓоковиќ: Бев како Мајкл Џордан во еден момент

Надал го прифати поразот, но им порача на Вимблдон каде ја утнаа работата

ВИДЕО: Кербер нова шампионка на Вимблдон