Јошко Миленковски незадоволен од „спартанците“: По Финска најавуваа едно, сега излезе друго!

Македонската одбојкарска селекција денеска го забележа и вториот пораз во исто толку натпревари на ЕП во Словенија.

Резултатот е евидентен, а играта беше за критика, посебно во третиот сет, што најдобро беше пресликана и преку стручниот коментар на Јошко Миленковски, кај некогашниот селектор на одбојкарите на Македонија.

Тој истакна дека оваа средба, поточно играта на одбојкарите беше големо разочарување.

„Не вреди за коментар ваква игра, големо разочарување. Голема немоќ во нашите редови, два сета веќе губиме со голема разлика, не вреди да дискутираме по овој пораз. Тотално бевме надиграни од Турција. Направивме само еден директен поен во три сета, а противникот имаше дури 8. Не ни беше некој голем успех да се пласирате на едно ЕП, дури се најавуваше и дека ќе минеме во втор круг, но според прикажаното имаме сериозни проблеми во репрезентацијата. Од страна на одбојкарите имаше најави дека можеме до втората фаза, дека сме биле подобри од Финска, од Белорусија, но се чини дека не било така, не знам кои им се целите и плановите“, рече Миленковски.