Македонската одбојка влезе во уште една историска седмица во којашто двете сениорски репрезентации првпат ќе играат во Европската лига.
Дамите в сабота ќе ја пречекаат Австрија, а одбојкарите в петок ќе патуваат во полскиот град Лоѓ за натпревар против Украина закажан ден подоцна.
Тренинзите во Скопје ги продолжија 16-мина играчи за да биде ставен фокус на подготовките за дуелот со Украинците. Техничарите Давид Стојанов и Ефтим Ричлиев, коректорот Стефан Алексов и примачот Стојче Арсов од денеска не се со националниот тим.
Селекторот Јошко Миленкоски објасни дека тие не се избришани од списокот, напротив на нив сериозно се смета, но сега е потребно на тренинзите да се работи повеќе со одбојкарите коишто ќе истрчаат на теренот против Украинците.