Јос Верстапен: Неприфатлив потег на Хамилтон, треба да добие суспензија

Исходот на британското ГП во Силверстоун беше најлошиот можен за Макс Верстапен, не освои ниту бод, а Хамилтон од друга страна победи овој викенд.

Холанѓанецот како и Ред Бул беа бесни поради начинот на кој Хамилтон ладно пристапи во кобниот свиок, а за тоа доби само 10 секунди суспензија.

Сега таткото на Верстапен исто така смета дека казната е смешна и дека треба да добие суспензија.

Навистина е неприфатлив потегот на Хамилтон на патеката. Мислам дека 10 секунди казна е навистина смешна работа. Загрижен сум бидејки вака стимулираат вакви убиствени потези, треба да го дисквалификуваат. Макс му остави доволно простор, но тој беше назад асо болидот, не може да претекнувате од таа страна, а немаше ни доволна брзина“, смета Јос Верстапен.