Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“, прв од квалификациите за Евробаскет 2025, во кој ќе одиграме два натпревари.
Во првиот круг од натпреварите за пласман на Евробаскетот 2025, нè чекаат средби со селекциите на Естонија и на Полска
Список на кошаркари:
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје
Андреј Магдевски – Пелистер
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Маслинко – Пелистер
Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје
Кристијан Николов – Капакли Спор, Турција
Дамјан Робев – МЗТ Скопје
Виктор Ефремовски – Работнички
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје
Бобан Стајиќ – Работнички
Резард Мемед – КБ Или, Косово
Амар Хот – Пелистер
Андреј Шошкиќ – Работнички
Марин Петков – МЗТ Скопје
Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ташовски – ТФТ
Ти Џеј Шортс – Париз, Франција
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија
На 23. февруари, во Скопје, ја дочекуваме репрезентацијата на Естонија, а три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска.