Јирген Клоп – менаџер на годината во Премиер лигата

Предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп го доби признанието за тренер на годината во Премиер лигата во изборот на Асоцијацијата на менаџери.

Германецот го однесе својот тим до трофеите во двата купа на Англија и за еден бод не ја освои титулата во првенството, но ќе има можност за утеха во финалето од Лигата на шампионите.

„Ова е големо признание во една луда сезона. Доказ за тоа е фактот што во последното коло само два натпревара немаа резултатско значење“, изјави Клоп по преземањето на награда од Алекс Фергусон.

Од пониските лиги, Марко Силва од Фулам го доби признанието за менаџер на годината во Чемпионшип, а Мет Тејлор од Виган во Лигата 1.