Јеро нов селектор на „црвената фурија“

572

Спортскиот директор на репрезентацијата на Шпанија Фернандо Јеро е новиот селектор на „црвената фурија“ соопштија од фудбалската федерација на Шпанија. Тој ќе го замени Лопатеги, кој вчера официјално стана тренер на европскиот првак Реал Мадрид.
Јеро на функцијата селектор ќе биде само за време на Светското првенство во Русија.
Тој заедно со претседателот на федерацијата попладнево ќе оджрат прес конференција во Краснодар, каде се наоѓа базата, во пресрет на дуелот со шампионот од 2010 година ќе го игра во петок во Сочи против европскиот првак Португалија.
Во дресот на Шпанија Јеро има одиграно 89 натпревари, за Реал Мадрид 601 натпревар и има постигнато 127 голови.
Како помошник во Реал работеше во сезоната 2014/15, а во сезоната 2016/2017 беше тренер во Овиедо, од каде стана спортски директор на шпанската репрезентација.