Јасни се условите за кандидатура за претседател на ОКСМ

Откако вчера во јавноста излезе (дез)информацијата дека е поништена кандидатурата за претседател на Олимпискиот комитет на Александра Војнеска Зикова, зовре атмосферата кај оние кои ја поддржуваат предводничката на Атлетската федерација.

Тие обвинуваат за криминал затоа што на Војнеска Зикова не и се признаваат како стаж четирите години како потпретседател на Атлетската федерација. Во условите за кандидатура на ОКСМ стои дека кандидатот треба да има најмалку четиригодишен стаж на раководна функција во национална спортска федерација.

Тоа јасно значи дека е потребна претседателска позиција, а не, на пример, шеф на одделение.

За разлика од Војнеска Зикова, Димевски беше претседател на Кошаркарската федерација една деценија, а сега ја има поддршката на најмалку две третини од националните спортски федерации.