Јапонците одлучија: Олимписките игри во Токио без странци

Според пишувањата на јапонските медиуми, тамошната влада одлучила да им забрани на странците влез во земјата за време на Олимписките игри со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

Владата, како што пренесува неименуван извор, заклучила дека не е возможно да ги прими гледачите од странство поради загриженоста на домашната јавност од ширење на пандемијата и фактот дека во голем број земји се откриени нови, уште позаразни варијанти на коронавирусот.

Се очекува Владата и Организациониот одбор на ОИ во Токио овој месец да одржат состанок со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) со цел да донесат формална одлука за забраната за доаѓање на странски посетители.

Со оваа одлука Владата исто така ќе мора да ја преиспита стратегијата за опоравување на јапонската економија од последиците на коронавирусот која дел се потпира и на странските посетители во текот на Игрите. Иако одложувањето од 2020 во 2021 година ги зголеми трошоците на организацијата за најмалку 15 милијарди долари, Организациониот одбор очекуваше од странските гости да инкасира околу 8 милијарди. Одборот сега мора да продолжи со надоместување на трошоците за странците кои имаат влезници и треба посебно да разгледа со странците кои се корпоративни спонзори на Игрите.