Јане Велковски е голем во очите на големите: Пол Погба му испрати порака на Инстаграм

Еден од милениците на Јане Велковски е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Тој минатата година имаше средба со фудбалерот од Франција и останаа и понатаму во контакт и добри односи.

Поради ангажманот на Јане во Њујорк деновиве во склоп на светскиот ден на децата со попреченост, Погба му испрати порака на Јане Велковски преку Инстаграм.

Толку сум горд на тебе пријателе Јане“, стоеше на Инстаграмот на Погба, со фотографија од Јане.