Јан Рајт го советува Тен Хаг кој играч да го изостави по поразот од Арсенал

Многумина од фановите на Јунајтед се разочарани од тоа што Бразилецот Ентони имаше слаби перформанси на мечот против Арсенал.

Тој минатото лето го засили Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ за неговиот трансфер на Ајакс му исплатија 100 милиони евра, но тој е далеку од формата за која е платен, па ќе мора да поработи на случајот за да ги освои навивачите.

Но екс играчот на Арсенал, Јан Рајт, го советува Тен Хаг дека треба извесен период да го изостави Ентони од првиот состав, со што ќе му даде до знаење дека треба да работи на пронаоѓање на својата форма.

„Допрва треба да видиме нешто од Ентони на терен, знам дека постигна гол на дебито, токму против Арсенал, но освен тоа, не сум видел ништо повеќе од него на терен. Сметам дека Тен Хаг треба да размислува за опцијата со Гарначо во првиот состав, тој играч е одличен во дуелите еден на еден и може да се справи со тие ситуации“, тврди Рајг.

Слични повици деновиве можеа да се слушнат и од фановите на Јунајтед, кои се повеќе му веруваат на младиот Гарначо.