Јаго Аспас е „фудбалски Ајнштајн“, ова е најгенијалниот потег на еден фудбалер

Кога ќе помислите дека во фудбалот сте виделе се и сешто, секогаш се појавува некој играч кој ја поместува оваа граница.

Вакво нешто направи и легендата на Селта Виго, Јаго Аспас, во поразот на неговиот тим со 2:1 од Валенсија во изминатото коло од шпанската Ла Лига.

Имено, фантастичниот офанзивец го постигна водечкиот гол за екипата од Виго во 11. минута, а при постигнувањето на погодокот успеа да се повреди.

Во тој момент дојде до една генијална идеја.

Знаејќи дека веќе има четири жолти картони во првенството и дека следниот значи суспензија, Аспас намерно го соблече дресот со цел да се „исчисти“ од картони и да ја отслужи казната за време на паузата која ќе ја има поради повредата и како и да е нема да игра на следниот натпревар.

Толку едноставно, а толку генијално…