Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Со изострен дизајн, особено напред и назад, и мноштво на иновативни технологии, Audi обезбедува зголемено присуство и спортска елеганција на A8. Од таа причина, компанијата со четирите прстени уште поинтензивно го разработува самоуверениот и прогресивен карактер на активната луксузна лимузина. Новите врвни фарови и задни светла инспирираат со иновативни функции и го формираат врвот на воспоставеното технолошко портфолио на A8. Знаменосецот на Audi на тој начин создава современо и софистицирано возачко ориентирано искуство – без разлика дали станува збор за патници или за возачи.

Како наследник на Audi V8, A8 е водечка предност на брендот во сегментот на луксузни седани од портфолиото на Audi од 1994 година. Audi A8 е симбол и предводник на статусот и престижот на брендот. Четвртата генерација на луксузната лимузина, која Audi ја претстави во 2017 година, го подигна нивото во однос на моќноста, изгледот и опремата. Како иницијален модел од серијата, A8 го откри идниот дизајнерски јазик по неговото лансирање и следствено, тој во суштина е прогресивното лице на брендот до денес. Изострениот дизајн заедно со воспоставените технологии и извонредната удобност на задните седишта ја дефинираат премиум концепцијата на Audi во овој сегмент. Седанот на тој начин ја претставува симбиозата на маестрална удобност и спортско управување и затоа целосно го покрива возачкото искуство. Со прецизност во сите детали и многу интелигентни функции, новиот A8 е технолошки пионер со висока вредност во мобилноста насочена кон корисниците.

Уште поголем престиж и авторитет: надворешниот дизајн

Audi A8 е седан што претставува статус и зрачи со авторитет – сега кога е дополнително подобрен, неговата надворешност е уште порепрезентативна, самоуверена и атлетска. Основата на предната Singleframe решетка сега е поширока и хромираните агли кои се зголемуваат во големина од дното кон врвот ја красат нејзината форма. Страничните отвори за воздух се поисправени и исто толку свежо стилизирани како и фаровите, чиј долен раб однадвор создава карактеристична контура. Да резимираме, новодизајнираните и прецизно оркестрирани дизајнерски елементи во предниот дел значително го зголемуваат присуството и авторитетот на A8 и го изоструваат профилот на врвниот модел на Audi.

Од страничен поглед, прогресивниот карактер на луксузната лимузина е особено привлечен. Издолжените линии на каросеријата на автомобилот ја нагласуваат неговата должина, додека широките лакови на тркалата навестуваат стандарден Quattro погон на сите тркала. Во задниот дел доминираат широки хромирани детали, приспособлива анимација на задните светла со дигитални OLED диоди и континуирана, сегментирана светлосна лента. Вметнувањето на дифузорот во браникот е деликатно нагласено и редизајнирано со хоризонтални детали.

Дополнително на стандардната надворешност, Audi нуди хромиран надворешен пакет и, за прв пат во A8, новиот надворешен пакет S-line, кој додава динамиќен допир на предниот дел и го разликува уште повеќе од основниот модел, со карактеристични елементи на страничните отвори за воздух кои го надополнуваат моќниот дизајн напред – на многу сличен начин како кај S8. Изгледот е уште повеќе дефиниран со дополнителниот Black Optics пакет со црн изглед. Приказот на бои за А8 вклучува единаесет бои, меѓу кои и новата Металик District Зелена, Firmament Сина, Manhattan Сива и Ultra Сина. Исто така новитет кај Audi A8 се пет мат бои – Daytona Сива, Floret Сребрена, District Зелена, Terra Сива и Glacier Бела. Во ексклузивната програма на Audi, автомобилот е достапен со која боја и да посакате.

Редукција како медиум за дизајн

Внатрешноста на A8 може да се спореди со пространа, широко прилагодена дневна соба – нуди отворен простор кој се чувствува многу добро. Неговата архитектура е строго хоризонтално ориентирана за да се нагласи ширината. Формалноста сеуште е воздржана.

Опсегот на седишта и опремата на седиштата во подобрениот A8 е разновидена, многу удобена и зрачи со највисок степен на авторитет – особено за задните седишта, каде што се достапни многу опции. Седиштето за релаксација во A8 L е врвот на понудата. Нуди бројни опции за прилагодување и потпирач за нозе на задниот дел од совозачкото седиште. Патниците можат да го користат за загревање и масирање на долниот дел од стапалата во различни степени. Пакетот за релаксирање на седиштата вклучува масажа на грбот со 18 пневматски перничиња, електрично прилагодливи комфорни потпирачи за глава, континуирана централна конзола – исто така достапна со маси што се преклопуваат – четиризонска луксузна автоматска климатизација и новите екрани во задниот дел.

Висококвалитетната изработка го нагласува карактерот на внатрешноста на А8. Тоа важи за прецизните перфорации во навлаките на седиштата, украсната облога која електрично се отвора и затвора, отворите за вентилација или кадифената кожа во удобните потпирачи за глава. Седиштата се обложени со Valetta кожа уште во стандардната верзија. Алтернативно, Valcona кожа е достапна и како опција со можност за избор на новата боја Cognac Кафена. Ново во програмата е одржливиот микрофибер материјал Dinamica за панелите на вратите, кој може да се користи и за облогите на столбовите или облогата на покривот.

Карактеристично за подобрениот A8 е и широкиот избор на внатрешни конфигурации. Тие вклучуваат избор на дизајн на Audi во Pastel Сребрено и S line внатрешност во Црна, Merlot Црвена или Cognac Кафена. Изборот го заокружуваат неколку пакети за кожна внатрешност и опрема од Audi Exclusive. Опционалниот пакет за квалитет на воздухот вклучува јонизатор и парфем.

Сензитивно и разумно: операција

Концептот за работа на Audi MMI со допир во Audi A8 се основа на два дисплеа (10,1“ и 8,6“) и природна гласовна контрола. Дијалогот започнува со извикување „Еј Audi!“ Целосно дигиталниот виртуелен кокпит на Audi, со опционален head-up дисплеј, го комплетира екранот и концептот на работа и ја нагласува ориентацијата кон возачот. Важните информации се прикажуваат директно во видното поле на возачот.

Новиот знаменосец на Audi – A8 наскоро ќе биде достапен и во салонот на Порше Македонија.