Изненадување од Романија: Манасков пред трансфер во Динамо Букурешт

Романските медиуми најавуваат дека Манасков би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Динамо Букурешт кој е предводен од шпанскиот тренер Чави Пасквал.

Динамо ја одбрани титулата во првенството, и со големи амбиции да биде уште посилен за следната сезона во Лигата на шампионите. Се очекува Манасков да биде едно од новите засилувања, заедно со Чехот Станислав Кашпарек, Египќанецот Али Зеин, Украинецот Андриј Акименко…

Претходно нашиот 29-годишен играч беше дел и од Металург, Вецлар (Германија), Вардар 1961 и Рајн Некар-Левен (Германија).