Изненадување на почетокот: Алмерија води против Реал Мадрид

Изненадувачки, но по првиот дел од мечот Алмерија – Реал Мадрид, предност над европскиот шампион и шампионот во Шпанија, има Алмерија.

Уште во шестата минута домаќините стрелаа во мрежата на „кралевите“преку Рамазани, што беше прилично изненадување.

Алмерија игра против Реал Мадрид игра по цели 7 години, односно немаат играно од 2015 година, па постигнаа гол за нивна голема радост.

Последната победа на Алмерија против Реал Мадрид е во 2008, кога остварија победа со 2:0.