Џорџ Расел од Мерцедес ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Унгарија во Формула 1.
Второ најдобро време имаше Карлос Саинц Јуниор од Ферари, а неговиот тимски колега Шарл Леклерк го освои третото место. Со неверојатен круг, Расел успеа, практично, да му ја украде победата на Саинц и да дојде до првата пол-позиција во кариерата.
QUALIFYING CLASSIFICATION
Take a bow, @GeorgeRussell63 ???#HungarianGP #F1 pic.twitter.com/SUmvvRw99c
— Formula 1 (@F1) July 30, 2022
Лидерот во генералниот пласман Макс Ферстапен го освои десеттото место, а Луис Хамилтон заврши како седмопласиран.