Изненадувачка, па и шокантна изјава на Ѓоковиќ за добар дел од неговите фанови

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со последната изјава за медиумите, изненади доста од неговите следбеници.

Првично најави дека нема намера да се вакцинира од КОВИД19 вакцината која е во најава, сега истакна нешто сосема друго.

Србинот тврди дека познава луѓе, кои од гнасна вода, знаеле да направат света вода за болни луѓе.

Лично познавам луѓе кои со една молитва, знаат да направат вода која лекува од болести“, порача Ѓоковиќ.

Тоа е тема на која може да се развие сериозна дебата на социјалните мрежи, а многумина му замерија тоа што дека наместо да коментира исклучиво за тенисот, тој се впушта во сосема други теми, далеку од спортот.