Изгледа е готово: Мурињо ќе биде нов тренер на Баерн!

Раководството на Баерн го избрало Жозе Мурињо за нов тренер на тимот и се очекува само да се договорат деталите за Португалецот официјално да биде потпишан.

Првите рунда преговори е завршена и во моментов раководството на баварскиот гигант е на заеднички состанок за да го утврди својот конечен став. Конечната одлука најверојатно ќе биде донесена в понеделник кога почнува паузата во Бундеслигата поради репрезентативните натпревари.

Покрај Мурињо, во конкуренција за тренерската позиција во Баерн беа уште Масимилијано Алегри, Ерик Тен Хаг, Маурисио Покетино, Томас Тухел и Арсен Венгер.