Избрана најдобрата петорка и МВП играчот на првенството

Со победата над Аргентина, Шпанија го освои своето второ злато во кошаркарската историја.

По финалето, беше избрана и најдобрата петорка како и МВП кошаркарот.

Во најдобрата петорка оправдано се најдоа Еван Фурние, Богдан Богдановиќ, Рики Рубио, Луис Скола и Марк Гасол, додека за најдобар или најкорисен играч беше избран Рики Рубио.

Тој во финалниот меч постигна 20 поени, а ако го видиме целиот негов турнир, тој бележеше просек од скор 156 поени по натпревар, 6.4 асистенции и 4.3 скока.