Избран идеалниот тим на Ф4 од СЕХА, само еден од Вардар

Унгарскиот претставник Веспрем ја оправда фаворитската улога во СЕХА лигата и трет пат во своето постоење го освои шампионскиот пехар.

За МВП на завршниот турнир е прогласен голманот на Веспрем, Родриго Кораљес кој со тоа е и во идеалната постава на турнирот како најдобар чувар на мрежата. Покрај него, тука се неговите соиграчи Гаспер Маргуч, Хорхе Македа и Андрес Оливер Нилсон, потоа Давид Мандиќ од Загреб, Александер Шкурински од Мешков Брест и Ловро Јотиќ од Вардар.

За најдобар дефанзивец е прогласен Блаж Благотиншек од Веспрем. Кога станува збор за титулите во СЕХА лигата, Вардар е најдобар со пет, Веспрем има три, а Загреб една. Вардар партиципираше во осум од досегашните девет финални дуели во регионалното натпреварување.