Ивановски прокоцка голема шанса за полуфинале: Микрофоните „го уловија“ во критиките кон себе

Најдобриот јуниорски македонски тенисер Калин Ивановски, го заврши настапот на Вимблдон. Тој во четвртфиналето беше елиминиран од Шпанецот Педро Роденес со 6:3, 6:7, 3:6.

Македонскиот тенисер го доби брзопотезно првиот сет против ривалот, а вториот сет имаше можност да го добие, но се стекна чувство дека му недостасува концентрација на моменти, па го загуби во тај-брејк.

Ќе беше уште подобар и историски најдобар пласман за Ивановски во кариерата, но сепак Роденес денес го запре македонскиот тенисер.

Евидентно дека Калин Ивановски беше револтиран што не беше на потребното ниво на моменти, а тоа го уловија и микрофоните додека мечот одеше во директен пренос.