Иванковиќ: Едвај чекаме да истрчаме на терен

Хрватскиот ракометар Анте Иванковиќ најави голема борба за пласман во финалето и рече дека сите во неговиот тим чекаат да истрчаат на теренот во салата „Билјанини извори“ и да го дадат својот максимум.

„Имавме недела во која воигрувавме нови тактички замисли, а дел од играчите добија и заслужен одмор. Сакаме да сработиме најдобро што можеме и да пренесеме дел од замислите на мечот против Целје. Имаме добра енергија, пред нас е меч за историја и едвај чекаме да се појавиме на паркетот.

Треба сите да одиграме максимално фокусирано и заедно со нашата публика да дојдеме до резултат што ќе ни го трасира патот кон финалето. Играме одлична одбрана, се надевам дека ќе ја повториме и на мечот со Целје“, рече Иванковиќ.

Реваншот помеѓу ГРК Охрид и Целје ќе се одигрa вечерва, а стартот на мечот е закажан за 19:00 часот. Охриѓани загубија на првиот меч со минимални 27-26.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО