Иванишевиќ го напушта Новак Ѓоковиќ?!

Горан Иванишевиќ би можел да го напушти стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ наскоро.

Иванишевиќ би можел да стане селектор на својата Дејвис Куп репрезентација.

Хрватска ја потресе драма пред почетокот на Дејвис Купот во Мадрид, бидејки беше сменет досегашниот селектор Жељко Крајан.

Хрватите во Мадрид беа предводени од активниот играч Франко Шкугор, кој принудно мораше да ја извршува таа функција, а тениската федерација на таа земја сега тргнува во потрага по нов селектор.

Според пишувањата на тамошните медиуми, новиот селектор би можел да биде токму Горан Иванишевиќ, кој е сега тренер на Новак Ѓоковиќ.