Италијанците тврдат: Интер му понуди договор на Кавани

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата на Интер одлучи да му понуди договор на Единсон Кавани, со цел да го вратат во Италија.

Управата на Интер на Кавани му понуди тригодишен договор и сакаат да го потпишат фантастичниот напаѓач пред тоа да го направат Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Со оглед на годините кои ги има Кавани, договорот покажува колку во Интер веруваат во квалитетите на Кавани, бидејќи тој ќе има 36 години кога ќе му истече договорот.

Тој на крајот на сезоната ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со ПСЖ, а следната станица би можела да му биде токму Интер.

Интер следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, па и така има предност во однос на некои од останатите заинтересирани клубови кои би сакале да го доведат.