Италијанците откриваат, Роналдо сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Познатиот италијански новинар Фабио Сантини откри интересни детали околу Кристијано Роналдо кои можат да предизвикаат фудбалски земјотрес во Европа.

Наводно, Португалецот на својот менаџер Жорж Мендеш му рекол дека сака кариерата да ја продолжи во редовите на Пари Сен Жермен.

Веќе некое време се зборува околу можноста Роналдо да го напушти Јувентус, а по ова се чини дека приказната ќе добие далеку поголемо внимание.

„Роналдо му рекол на својот менаџер дека сака кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Ќе видиме како ќе се одвива целата ситуација. Веројатно ова е последна сезона за Роналдо во Јувентус“, изјави новинарот Сантини во емизијата 7Gold.

И летоска на Апенините се пишуваше за заминување на Роналдо од Јувентус, така што ова дефинитивно е жешка тема во италијанскиот фудбал, а каде што има чад има и оган.