Италијанските медиуми ја потсетија Ванда на нејзините неодамнешни зборови за Мауро – испадна наивна

Ванда Нара објави приказна со порака „Уште едно семејство што го уништивте поради к*рва“, што беше доволно медиумите ширум светот да објават крај на врската со Мауро Икарди.

Во 2014 година, Мауро и Ванда стапнаа на „луд камен“ и во бракот добија две ќерки, но сега напаѓачот на ПСЖ, наводно, ја изневерил Ванда.

Ванда ја избриша својата приказна, но беше предоцна и интернетот веќе во голема мера ја пренесе нејзината реакција, и набрзо се сфати дека ги избришала сите фотографии на Инстаграм на кои се наоѓа Икарди.

Икарди наводно ја изневерил Ванда со аргентинската актерка Марија Еугенија Суарез, а во меѓувреме, италијанскиот печат се сеќава на зборовите на Ванда кога таа самоуверено зборуваше за врската со Мауро.

“Кога го запознав имаше 19, беше многу млад, но веднаш видов дека е поинаков, посебен. Никогаш не ги прави работите затоа што се модерни, не се преправа и не го кажува она што го мисли. Тој е вистински маж. Никогаш не се плашев дека ќе ме изневери, бидејќи тој не е таков тип на човек “.