Италијански голман снимен на секс во тоалет, му се заканува отказ!

Голманот на италијанскиот третолигаш Реџана, Матео Волтолини е суспендиран од својот клуб на една недела откако во јавноста излезе снимка од негов секс во тоалет од една дискотека.

Неговиот близок однос со непозната девојка бил снимен и многу брзо осамна на социјалната мрежа WhatsApp. Целата сцена трае само 15 секунди, но нејасно е зошто клубот го суспендирал, ако се знае дека не го прекршил клупскиот кодекс.

Многу полошо од него може да помине снимателот, ако тој биде пронајден. Му се заканува затворска казна од шест години, плус 15 илјади евра поради снимање и дистрибуција на експлицитен материјал без знаење и согласност на учесникот во овој чин.