Македонската одбојкарска селекција своето учество на третото ЕП го заврши во 1/8 финалето.„Жолто-црвените“ се запрени од фаворитот Италија со 3-0.
Домаќините, со оглед на тоа што мечот се играше во Бари славеа максимално со 3-0 во сетови 25-20, 25-12 и 25-15. Нашите одбојкари едноставно немаа сила да се справат со фаворитот.
Прво име во нашиот табор беше Александар Љафтов со девет освоени поени, а еден помалку забележа капитенот Никола Ѓоргиев.
Воедно за потсетување и овој резултат е најдобар наш на едно ЕП и воедно историски. За потсетување на претходните две ЕП не успевавме да ја поминеме групата.