Историски ден за Нотингем Форест по враќање во елитата

Фудбалерите на Нотингем Форест во својот прв натпревар на домашен терен, остварија победа против Вест Хем, тоа е прв историски триумф за нив во Премиерлигата по цели 23 години.

Единствениот погодок за победа го постигна Авонији во втората минута од судиското надополнување во првиот дел.

Гостите од Лондон промашија многу шанси да изедначат, а најзрелата ја имаше капитенот Рајс, кој не искористи пенал во 65. минута.

Ова се први три бода за Форест во новата сезона, додека Вест Хем и понатаму е без бодови.