Историски ден во Формула 1: Хамилтон е нов шампион, една титула му треба да го стигне Шуми

Луис Хамилтон од денеска е втор најуспешен возач во историјата на Формула 1. Британскиот натпреварувач заврши како второпласиран на трката за Големата награда на САД, но тоа му беше доволно за шеста титула во кариерата.

Победата во Остин ја оствари неговиот тимски колега Валтери Ботас, а до триумфот дојде откако во финишот го претрка токму Хамилтон.

Сега на Хамилтон му недостасува само уште една титула за да го стигне легендарниот Михаел Шумахер. Идната сезона би можела да биде историска бидејќи на возачот на Мерцедес му недостасуваат уште осум победи за да го достигне и неговиот рекорд.