Историска грешка на Барса: Место Мбапе, го купи Дембеле

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу откри дека каталонскиот гигант во 2017 година имал отворена опција да го донесе Килијан Мбапе кој таа сезона ја освои титулата во француското првенство со Монако.

Сепак, до трансферот не дојде, а причините за тоа ги открива Бартомеу.

„Договорот со Мбапе беше на маса, но тренерите преферираа фудбалер кој ќе покрива повеќе позиции. Затоа го избраа Дембеле”, тврди Бартомеу.

Таа година од Барса си замина Нејмар, а истото лето на клупата дојде Ернесто Валверде кој го замени Луис Енрике. Барселона го купи Дембеле за 135 милиони евра, а тој во овие четири години повеќе се мачи со повреди, отколку што игра.