Историја на УС ОПЕН: Ѓоковиќ остана на 20, Медведев историски прв Гренд слем трофеј

Рускиот тенисер приреди сензација на УС ОПЕН, откако во три сета го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4.

Како да беше се предодредено за ова да биде финале во режија за рускиот тенисер, кој пред финалето истакна дека сега е вистинскиот момент, или трета мајка за него, да дојде до голем трофеј.

Тој претходно губеше две финалиња за важни трофеи, па сега му се посреќни, доминантно го победи финалето и се запиша во историјата со прв Гренд слем трофеј.

За неговата среќа со освојувањето на првиот трофеј на Гренд слем турнирите зборува и неговата прослава откако го реализира меч поенот.

Иако сите очекуваа 21 трофеј за Ѓоковиќ, сепак историјата се пишуваше по руски ноти, Медведев го освои својот прв историски трофеј.