Историја: Младиот Шумахер седна во болидот кој го возеше неговиот татко во 1991 година

Синот на Михаел Шумахер кој сега се натпреварува во Формула 1, во вторникот на патеката „Силверстоун“, седна во првиот болид кој го возеше неговиот татко во 1991 година за екипата на Џордан.

Актуелниот возач на Хас, Мик Шумахер, се запозна со тоа какви биле болидите пред три децении и барем на малку го почувствува духот на неговиот татко и неговото возење од 1991 година.

Младиот Шумахер минатата недела на трката во Силверстоун заврши на 18. место, а следната трка се вози во Унгарија и последна пред традиционалната летна пауза.

Ова не е прв пат Мик да вози еден од болидите на неговиот татко. Тој во 2017 година беше во кокпитот на болидот на Бенетон, кој го испроба на патеката Спа Франкоршамп, исто така нешто подоцна го испроба и болидот на Ферари во Муџело (Ferari F2004), во кој неговиот татко ја освои последната, седма титула во својата кариера.