ИСТОРИЈА: Хамилтон во егал со Михаел Шумахер

Луис Хамилтон успеа да победи на денешната трка Нирбургринг за ГН на Ајфел, пред Макс Верстапен од Ред Бул и Даниел Рикиардо од Рено.

Оваа победа за британскиот возач е уникатна од еден посебен аспект, се изедначи со славниот Михаел Шумахер по бројот на победи, вкупно 91, кој има титула повеќе од Луис, но како се движат работите, за неколку недели и во таа категорија Хамилтон ќе биде во егал со Германецот.

Валтери Ботас поради проблеми со болидот, не успеа да ја заврши трката и се откажа во раната фаза од трката, а со тоа му остави простор да напредува драматично напред на Хамилтон и сега разликата во бодови меѓу нив да биде цели 70 бодови, скоро недостижно.

Несомнено дека Хамилтон ќе ги урне сите рекорди на Михаел Шумахер во поновата ера на Формула 1, а како што вели старото правило во секој спорт, рекордите се поставени, за да бидат повторно срушени.

Во топ10 место уште имаше и за Перез, Саинц, Гасли, Леклер, Хулкенберг, Грожан и Џовинаци.