Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се големи пријатели кога не се на терен, но кога имаат натпревар еден против друг, се големи ривали.
Но последната изјава на Рафаел Надал во соседна Србија, па и кај останатите фанови ширум светот на Ѓоковиќ, ќе биде протолкувана како провокација на која српскиот тенисер ќе треба да се улови.
Изминатите 15 години, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер ја тероризираа конкуренцијата и ретко кога кој можеше да им излезе на црта и да излезе како победник.
Меѓутоа, Рафаел Надал нема проблем да каже што ќе му падне на памет, а со последната изјава ќе ги предизвика фановите на Ѓоковиќ.
За време на интервјуто за шпански Movistar+, истакна дека за Ѓоковиќ би била голема фрустрација доколку не го остварил рекордот со освоени гренд слем трофеи.
„Мислам дека Новак Ѓоковиќ како тенисер, ја живее повеќе од мене приказната за гренд слем турнирите и титулите, далеку поинтензивно од тоа како јас и Федерер размислувавме. За него ќе беше голема фрустрација доколку не го срушеше тој рекорд“, порача Рафаел Надал.
Веднаш по таа изјава, можеа да се видат низа на коментари од фановите дека Рафаел Надал се претвора во лош губитник.