Исповед на Нишикори: Федерер е вистински монструм!

Кеи Нишикори верува се уште во швајцарскиот ас Роџер Федерер, верува дека може да освојува уште Гренд слем титули.

Роџер Федерер се врати на тенисот по доста долга пауза, а на турнирот во Доха, немаше баш некој добар резултат, што остави сомнеж дека тој полека но сигурно, „ги празни батериите“.

Но така не мисли јапонскиот тенисер, Кеи Нишикори.

Иако беше надвор од терените повеќе од една година, играше доста добро. Не можат сите да го направат тоа. Се надевам дека ќе го гледаме повторно на врвно ниво. Уживав во дуелите против него, сигурен сум дека може повторно да освојува титули на Гренд слем турнирите. Тој е вистински монструм, во најпозитивна смисла“, истакна Нишикори.