ИОК: Олимписките игри во Токио без одложување!

Ист ден кога УЕФА одлучуваше за Европското првенство и го одложи за летото 2021 година, челницитена Меѓународниот олимписки комитет одржаа конференција со сите светски челници на спортските организации. Тема беа престојните ОИ во Токио и дали треба да се тргне по чекорите на УЕФА…

На крајот, тоа не се случи. ИОК и јапонските власти се уверени дека нема да мора да дојде до промена на терминот на Игрите: 24. јули – 9. август. Барем засега.

„Ова е неочекувана ситуација за целиот свет и ја делиме грижата за сите заболени. Се солидаризираме со целиот свет во борбата со коронавирусот. Но, ИОК останува целосно фокусиран на одржување на Олимписките игри во 2020 година во Токио. Повеќе од четири месеци останаа до почетокот на ОИ и во моментов нема потреба за радикални потези. Секоја шпекулација е контрапродуктивна, па ИОК ги охрабрува сите спортисти да продолжат да се подготвуваат за Игритеи кои ќе одат во полно издание. ИОК ќе продолжи да ја следи ситуацијата за што кон средината на февруари беше формирана комисија составена од стручњаци од Светската здравствена организација, Организацискиот комитет на Игрите, напонските и токиските власти, како и нашите членови“, стои во соопштението.

Останува само големо прашање дали натпреварувачите, особено во популарните спортови ќе можат да учествуваат на Олимписките игри, во зависност колку оваа епидемиолошка криза ќе потрае, бидејќи голем број лиги и натпреварувања мораат да продолжат кога-тогаш. А потоа да се најде дупка во календарот, што е навистина комплицирано.