Инѕаги удри по Јувентус: Само од пенал можеа да дадат гол

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги беше огорчен од одлуката во финишот од синоќешното дерби против Јувентус, противникот да добие пенал кој во најмала рака беше сомнителен.

„Нераѕурите“ беа пред победа, но во 89. минута Пауло Дибала од белата точка го израмни резултатот и донесе по еден бод за двете екипи.

„Мислам дека тоа беше единствениот начин на кој можевме да примиме гол. Разочаран сум бидејќи мислам дека го контролиравме натпреварот и не му дозволивме на Јувентус да ја развие играта. Не сум среќен од тоа што загубивме два бода“, изјави Инѕаги.

Во прв момент тој нервозно реагираше поради што доби црвен картон и најверојатно ќе добие суспензија, но пред новинарите изјави дека судијата беше во право.