Контроверзниот шведски тенисер Миаел Имер, е исфрлен од АТП турнирот во Лион, откако дивееше и го уништи судиското столче за време на натпреварот од осминафиналето.
Имер играше противдомашниот тенисер Артур Филс, а во 11. гем од првиот сет се случи голем инцидент.
Резултатот во тој момент беше 5-5, Имер сервираше за 30-30, а Филс ја погоди линијата и го освои поенот. Швеѓанецот веднаш се пожали на судијата Рожерио Сантош, тврдејки дека топката завршила зад аут линијата, по што поенот треба да му припадне нему.
Се случи голема расправија и потоа тенисерот реши да дивее, па беше исфрлен и елиминиран од овој турнир.