Инцидент во Гелзенкирхен: Се спукаа навивачи на Албанија и Србија, летаа столчиња

Навивачите на Србија се подготвуваат за вечерашната пресметка против репрезентацијата на Англија, па низ плоштадите е вистински „пиво фест“ за нив.

Навивачите се собираат во Гелзенкирхен, каде и се игра натпреварот против Англија, а неколку часа пред истиот, се случија инциденти.

Германскиот БИЛД тврди дека навивачи на Албанија се обидувале да се конфронтираат со навивачи на Србија, во летната тераса на еден ресторан, каде што летале и столчиња во меѓусебната пресметка.

Веднаш на пријава, реагирала и полицијата, која уапсила неколку навивачи, кои биле повикани на распит. Засега нема информации за потешко повредени играчи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО